Дефинитивно понеделник ќе донесе крај на серијата на топли декемвриски денови. Продорот на значително постудена воздушна маса ќе резултира со пад на температурата, засилен северен ветер, особено долж вардарскиот тек и овчеполскиот крај. Попладне облачноста ќе се зголеми, особено во северниот дел од земјата. На планините во овој дел од Македонија, попладне и навечер ќе провејува слаб снег. Минималната температура …