Првични резултати: ВМРО ДПМНЕ тесно води пред СДСМ, Беса изненадување!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според првичните резултати, кои се во тек на броење на гласовите, владејачката партија, ќе победи и на овие избори. Но, затоа во албанскиот блок ќе има изненадување.

Според обработени 519.404 гласови, ВМРО ДПМНЕ има 40.85, СДСМ е на второ место со 36.57, додека во албанскиот блок има изненадување. Имено ДУИ има 6.89% од гласовите, додека Беса има повеќе гласови и тоа 7.33. ДПА е со 3.26, а Алијанса на Албанците 4.80%.

Другите партии очигледно ќе се борат за еден или два пратеници максимум.