Home Спорт Бурно во Барса: Кутињо се појави во соблекувалната, еден играч не сакаше ни да се поздрави

Бурно во Барса: Кутињо се појави во соблекувалната, еден играч не сакаше ни да се поздрави

Филипе Кутињо вчера за прв пат се појави во соблекувалната на Барселона и наиде на добар приен кај голем број од играчите, но не кај сите.

Бразилецот моментално е повреден, ќе дебитира за 20 дена, а бидејќи нема право на настап во ЛШ ќе игра само во мечевите од домашното првенство.

Сепак, одредени шпански медиуми пишуваат дека не се сите среќни поради доаѓањето на Кутињо и неговата плата од 14 милиони евра.

Така, „Диарио Гол“ тврди дека Иниеста не се ни поздравил со Кутињо, што наведува на фактот дека е незадоволен од доведување на играч кој во догледно време може да му го земе местото во тимот.

Иниеста го продолжи договорот на уште една година, но медиумите веруваат дека тоа е само симболичен потег и дека на лето ќе го напушти „Камп Ноу“ во потрага за поголема минутажа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…