Буквално изгубен Германец: Отишол во поголем град и три недели не можел да најде каде си го паркирал автомобилот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германец од мало гратче лоцирано покрај холандската граница, кога отишол во поголем град толку се збунил и изгубил што три недели не можел да најде каде го паркирал својот автомобил.

62-годишниот човек го паркирал своето возило во катната гаража во Оснабрук, град со 165.000 жители, на почетокот на февруари и отишол на состанок.

„Јас дури и не знам колку пати сме биле во Оснабрук и сме го барале автомобилот“, изјавила вчера неговата ќерка.

Тој немал билет за паркирање со име на паркингот, бидејќи рампата била отворена затоа што издавачот на картички не работел, тврди неговата ќерка.

Нејзиниот татко дошол од малиот град Бентхајм во Долна Саксонија во Оснабрук на 3 февруари. Кога влегол во градот барал паркинг во близина на центарот, паркирал во гаражата и подоцна не можел да се сети каде се наоѓа местото.

Три недели таткото и ќерката претресувале многу гаражи во Оснабрук, каде што само 15 имало во центарот.

На крајот тие контактирале со медиумите и некој Германец се јавил дека тој го нашол нивното возило.

Автомобилот бил паркиран во хотелската гаража во центарот на градот.