Home Вебкафе Британците ги „тресе“ постковидна шопинг-треска

Британците ги „тресе“ постковидна шопинг-треска

Како до тоа да беше дојдено, како баш тоа да го очекуваа со нетрпени. Долгоочекуваното повторно отворање на неосновните продавници низ Велика Британија предизвика двоцифрен неделен пораст на бројот на луѓето што ги посетуваат продавниците, трговските центри и парковите на мало.

Според податоците од малопродажната аналитичка група Спрингборд, бројот на посетителите во продавниците низ целата земја пред 10 часот по локално време скокнале за 218% во однос на минатата недела. Бројот на посетителите сѐ уште е за 14,7% помал од истиот ден пред две години.

Во овој момент во 2020 година, Велика Британија беше во првата строга блокада поради првиот бран на пандемијата на ковид-19. Бројот на посетителите низ цела Велика Британија сега е зголемен за повеќе од 505% во споредба со минатата година.

Аналитичарите додадоа дека бројот на посетители само во трговските центри на Велика Британија се зголемиле за 340% за една недела.

Откако бројот на заразените во Велика Британија опадна, властите на земјата делумно ги ублажија претходно строгите мерки, па рано во понеделникот се отворија продавниците, фризерниците, спортските сали и пабовите. Музеите, забавните паркови и зоолошките градини исто така почнаа да пречекуваат посетители на отворено.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Донатела Версаче: Нова ера за модната куќа Версаче по 28 години

“`html Модната куќа Версаче започнува ново поглавје по заминувањето на Донатела Верс…