Британските научници тестираат нов лек за намалување на холестеролот кој може да спаси илјадници животи


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Националната здравствена служба (НХС) на Обединетото кралство тестира нов лек за намалување на холестеролот во крвта, наречен „Инклисиран“, чија цел е да се спречи кардиоваскуларна смртност кај британското население.

Речиси половина од возрасната популација во Обединетото Кралство моментално има нивоа на холестерол над националните упатства, а осум милиони луѓе во земјата редовно земаат лекови за намалување на липидите во крвта, пишува Medical News Today.

Новиот лек за намалување на холестеролот во крвта наречен Инклисиран ја зголемува способноста на црниот дроб да го намали нивото на липопротеини со мала густина (ЛДЛ), познат како „лош“ холестерол.

Резултатите од глобалното испитување спроведено од Империјал колеџ во Лондон покажале дека лекот е многу ефикасен, а истражувањата во третата фаза покажале дека Инклисиран, со интервал од шест месеци, го намалил нивото на холестерол до 50 проценти. Во комбинација со статини, истражувачите предвидуваат намалување на нивото на холестерол за 75 до 80 проценти.

Во текот на следните три години, може да биде достапен за околу 300.000 пациенти со висок холестерол и историја на кардиоваскуларни заболувања во Англија и Велс, објавил британскиот NHS.

Доколку воведувањето на лекот оди според планот и 300.000 пациенти ќе го примат лекот во следните три години, експертите веруваат дека тоа може да спречи 55.000 срцеви и мозочни удари во Велика Британија и да спаси повеќе од 30.000 животи во следните десет години.

Третманот може да биде достапен од 2021 година, а лекот ќе се дава двапати годишно за пациенти со висок ризик од развој на срцеви заболувања, а кај некои пациенти во комбинација со статини.

Вклучените ќе бидат администрирани со инјекции и дадени од лекари од примарната здравствена заштита. Така, лекот треба да се инјектира три месеци по првата доза, а потоа редовно двапати годишно.

NICE (Национален институт за извонредност за здравје и нега) го препорачува како опција за луѓето кои веќе имале мозочен или срцев удар и не реагираат на други лекови за намалување на холестеролот.

Извршниот директор на NHS Аманда Причард потсетила дека кардиоваскуларните заболувања се уште се „убиецот број еден во светот“.

Таа верува дека „одлично е што сега постои таков ефикасен лек“ и дека „воведувањето на Инклисран ќе спаси многу животи и ќе имаат корист стотици илјади луѓе ширум светот“.

Експертите велат дека иако статините се екстремно ефикасни во лекувањето на високиот холестерол, има потреба од нови иновативни лекови доколку сакаме да се бориме со кардиоваскуларните болести, кои секоја година убиваат стотици илјади луѓе во Британија.

Срцевите заболувања се водечка причина за попреченост и смрт во светот, вклучително и во Велика Британија, а холестеролот е еден од факторите на ризик поврзан со мозочен и срцев удар.

Објавувањето на одобрението за употреба во Англија и Велс од 1 септември следува по неколкумесечни преговори помеѓу NHS и швајцарската фармацевтска компанија Новартис.