Опасно луд лет со авион кој влезе во Гинисовата книга на рекорди (снимка)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанскиот пилот Дарио Коста со својот опасен лет во саботата влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Летајќи низ два тунели на автопатот Северна Мармара во близина на Истанбул, Дарио го собори светскиот рекорд со најдолгиот лет со авион низ тунелот. Неговиот лет низ тунелите Т1 и Т2 траел вкупно 43,44 секунди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Red Bull (@redbull)

Храбриот пилот се спуштил на само еден метар над земјата и имал само четири метри од двете страни на неговиот специјално направен авион. Вкупната должина на летот била 1610 метри. Поминал низ двата тунела со просечна брзина од 245 км / ч.

Најпредизвикувачкиот дел од летот бил отворениот простор помеѓу двата тунели, каде што обично дуваат силни ветрови, но Коста го надминал тој предизвик. Тој го прослави успешниот лет изведувајќи акробации во воздух.