Бред Пит полека менува професија


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Холивудската актерска ѕвезда, 55-годишниот Бред Пит, малку непријатно ги изненади неговите обожаватели со изјавата во интервјуто за австралискиот GQ, со која најави сè помало присуство пред филмските камери и толкување филмски улоги.

„Кога сум зад камерите, во улога на продуцент, навистина уживам во тоа. Глумам сè помалку. Верувам дека тоа е игра за помлади актери, иако не велам дека за постарите глумци нема место на филмското платно. Едноставно, тоа ми се чини како природен тек на нештата“, изјави актерскиот миленик на една армија филмски обожаватели, но и на армија обожавателки на машката убавина и заводливост.

Бред стана славен во средината на ’90-те години, после појавувањето во неколку големи холивудски хитови. Во самиот актерски и холивудски врв го лансираше филмот „Thelma and Louise“ после кој стана вистински миленик меѓу женската публика со една армија обожавателки ширум цел свет.

Беше номиниран и за Оскар, а освои и Златен глубс – и двете за филмот „12 Monkies“ од 1995 година.