Home Спорт Братот на Донарума: Никогаш нема да игра за Јуве!

Братот на Донарума: Никогаш нема да игра за Јуве!

Џанлуиџи Донарума иако има само 17 години е стандарден голман на Милан и веќе е италијански репрезентативец, па несомнено важи за еден од најталентираните голмани во светот.

Многу клубови го посакуваат Донарума во своите редови, а неодамна се појавија шпекулации дека Јувентус сака да го доведе како наследник на Буфон.

Сепак, неговиот брат Антонио Донарума, кој исто така е голман, тврди дека Џиџио никогаш нема да заигра за Јуве и ќе остане во Милан уште долги години.

„Мојот брат никогаш нема да игра во Јувентус. Нема причина да го напушти Милан. Често разговараме и пресреќен е што игра за тимот кој го сака од дете“, изјави Антонио Донарума.

Load More Related Articles
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…