Благоја Милевски и официјално нов селектор на македонската фудбалска репрезентација


Никогаш не мислев дека ќе зборам за мојата состојба на поткаст! ВТОРНИК/20:00 часот ↓↓↓


Како и што се најавуваше Благоја Милевски и официјално е нов селектор на Македонија.

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница во „Куќата на фудбалот“ донесе одлука за назначување на Благоја Милевски за селектор на македонската А репрезентација.

Сè уште актуелниот предводник на репрезентацијата до 21 година ќе ја преземе селекторската функција во А репрезентацијата од 1. август 2021 година.