Бившите претседатели на САД, Обама, Клинтон и Буш, доброволно јавно ќе ја примат вакцината против коронавирусот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бившите први луѓе на САД, Барак Обама, Џорџ Буш и Бил Клинтон доброволно ќе примат вакцина против коронавирусот и тоа јавно, пред камери, откако истата ќе биде одобрена од Агенцијата за храна и лекови. Со овој потег екс-претседателите на САД сакаат да ја кренат свеста на јавноста за безбедноста на вакцинирањето.

Тие се надеваат дека нивната кампања ќе испрати моќна порака, додека здравствените власти се обидуваат да ги убедат луѓето да се вакцинираат. Шефот на кабинетот на Буш изјави дека тој стапил во контакт со д-р Ентони Фаучи и со координаторката на тимот за борба против коронавирусот на Белата куќа, Дебора Биркс, за да види како може да помогне да се промовира вакцинирањето.

„Пред неколку недели, претседателот Буш ги извести Фаучи и Биркс дека кога ќе дојде време, тој сака да ги охрабри Американците да се вакцинираат. Како прво, треба да се потврди безбеноста на вакцините, а потоа тој со задоволство ќе ја прими пред камери“, изјави Фреди Буш.

И Клинтон и Обама кажаа дека тие дефинитивно ќе се вакцинираат кога ќе дојдат на ред.

„Ако Фаучи каже дека вакцината е безбедна, јас му верувам и тогаш ќе се вакцинирам. Во луѓе како Ентони Фаучи имам целосна доверба. Можеби ќе го направам тоа пред камери за да видат луѓето дека верувам во наука“, изјави Барак Обама.