Бил Гејтс со коментар за теориите на заговор дека „преку вакцините против КОВИД -19 сакал да ги чипира и да ги следи луѓето“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кога порано ќе се споменеше името на Бил Гејтс, тоа беше синоним за технолошки гениј и успешен човек кој буквално е еден од неколкумината кои технолошки го придвижија човештвото на едно повисоко ниво.

Но, кога денес ќе се спомене Гејтс, неминовно се присутни и голем број обвинувања за сè и сешто – од тоа дека го создал вирусот во тајна лабораторија како дел од проектот на глобалните елити за намалување на светското население, до тоа дека ги употребува вакцините за да вградува микрочипови во луѓето и потоа да ги следи и контролира.

Тој се смее кога ќе го прашате за ова, вели Би-би-си.

„Зошто јас би сакал да ги следам луѓето? Знаете, едноставно мене не ме интересира каде се движат луѓето“.

Главниот фокус на неговите огромни досегашни добротворни напори е справувањето со здравствените проблеми во земјите во развој.

Тој за Би-би-си вели дека е навикнат на луѓето да им здосадува кога на коктелите им зборува за туберкулоза и маларија, така што ова е вистинска промена од она што тој го нарекува „вообичаена нејасност на работата на заразните болести“.

Но вели дека бил загрижен дека неговото кревање глас за климата во последната книга „Како да се избегне климатска катастрофа“, која е водич за борбата против глобалното затоплување, може да привлече слични контроверзии.

„Не сакам да го разводнувам мојот глас за прашањата како искоренувањето на детската парализа или маларијата“, објаснува господинот Гејтс, но вели дека почувствувал дека сега е вистинското време да го објави својот план за справување со климатските промени.

Милијардерот и основач на Мајкрософт смета дека решавањето на климатските промени би било „најневеројатната работа што човештвото некогаш ја направило“. За споредба, окончувањето на пандемијата е, теоретски, „многу, многу лесно“.