Во Струга откриена уште една дива гинеколошка ординација


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во Струга е откриена уште една нелегална ординација за гинеколошки услуги.

Инспектори на Државниот здравствен и санитарен инспекторат вчера извршија вонреден инспекциски надзор во објект во Струга за кој има сомневање дека е нелегална гинеколошка ординација. Неофицијално станува збор за докторка која работела во струшката болница, но пациенти примала и дома.

Надзорот бил извршен по пријава на пацинтка. Од полицијата во Охрид потврдија дека полицијата асистирала на барање на инспекторите ид ДСЗИ, со налог на обвинителство.

Пред еден месец ДСЗИ изврши вонреден надзор во домот на директорот на општата болница во Струга Мухамед Асани, каде откриле нелегална гинеколошка ординација. И тука надзорот бил извршен откако пациентка јавно се пожали за лекарска грешка, затоа што по породување со царски рез во струшката болница останала без бубрег, матка и јајник.