Нобел

Безобразно скапата iPhone 11 Space Collection – кавијар во светот на смартфоните

Новата, уникатна, ексклузивна и прототипска колекција на iPhone, iPhone 11 Space Collection, ќе биде вистински предизвик за најбогатите на планетава, со оглед на материјалите од кои е изработена, дизајнот и безобразно високите цени.

Уникатната колекција iPhone 11 Space Collection содржи најмалку три различни уреди. При изработката се употребени ретки материјали кои се користат при вселенски експедиции. Па така, новиот iPhone 11 ќе користи камен од метеорит, камен од Месечина, вселенски компас, но и дијаманти во различна боја, швајцарски топаз, рубини и посебни дијаманти со боја на коњак.

Уникатната колекција ќе биде претставена во септември 2019 година, а ја подготвува руската компанија Caviar. Ексклузивната и најскапата варијатна Universe Diamond ќе чини 49.990 американски долари.

Advertisements
To Top