Славни

Бекам „си гази“ со профитот: Заработува по 50.000 фунти дневно

Поранешниот светски популарен фудбалер и актуелна модна икона, Дејвид Бекам, наводно, заработува неверојатни 50.000 фунти на ден од неговиот бренд, пишува Дејли меил.

Заработувачката му ја носат Seven Global LLP, DB Ventures Limited и Seven Global Holding Company Limited. Овие компании продаваат производи што го носат името на Дејвид.

Минатата година Дејвид остварил приход од 17,4 милиони фунти. Таа бројка ја заработил само од продажба на парфеми, часовници, облека и обувки со неговото име. Неодамна станал нов амбасадор на Maserati, а исто така потврдил дека ќе глуми во серија на Дизни, за која потпишал мултимилионски договор.

„Дејвид Бекам е меѓународна славна личност, чие име стана животна марка“, пишува во извештајот на Seven Global LLP.

To Top