Бејл го пропушта „Ел Класико“, Реал стравува од подолга пауза!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Реал Мадрид ќе биде значително ослабен во пресрет на „Ел Класико“, откако денес беше потврдено дека Герет Бејл нема да игра на престојното дерби кое на програмата е на 3-ти декември.

Велшанецот се повреди на дуелот против Спортинг Лисабон и мораше да го напушти теренот со повреда на десниот скочен зглоб.

„Кралевите“ не открија колку време играчот ќе биде надвор од стројот, но според медиумите од Шпанија, Герет Бејл ќе паузира од три до четири недели.

Отсуството од терените може да биде подолго доколку биде одлучено играчот да замине „под нож“, опција која ќе се разгледува во следните денови.

Конечната одлука се очекува да биде донесена во текот на денешниот ден, но во случај лекарите на „кралскиот“ клуб да се одлучат за посигурната која опфаќа хируршка интервенција, тогаш Бејл ќе отсуствува од терените во период од два до два ипол месеци.