Филм / ТВ

BBC ја укинува серијата со најмногу голотија и перверзии во историјата на телевизијата

Историската сериска драма Versailles, која го прикажува животот на Кралот Сонце Луи XIV, а која е квалификувана како најконтроверзната серија на ВВС на сите времиња, ќе прекине да се емитува после завршувањето на третата сезона, пренесува The Sun.

Само во втората сезона серијата имаше повеќе десетици сцени со несоодветна содржина за помлади од 18 години, а откако нејзината гледаност опадна, француската кабелска телевизија Canal+ реши да ја укине.

Станува збор за проект кој имаше буџет од околу 21 милион фунти, но како што пишуваат британските таблоиди, претераноста со експлицитни и контроверзни сцени, за кои публиката првично беше отворено, ги избрка гледачите од пред екраните во периодот кога се прикажуваше серијата и тие ја оценија како дегутантна.

Гледаноста, наводно според слични причини, падна и во Франција. Инаку, сцените од серијата можат да се најдат на голем број порнографски сајтови, вклучително и PornHub.

Во третата сезона гледачите ќе имаат можност да видат како Луи XIV добива апсолутна моќ, наводно со ништо помалку голотија и порнографски сцени од претходните две сезони.

To Top