Банкси не мирува и во време на карантин: „Жена ми не сака кога работам од дома“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Познатиот мистериозен уметник Банкси на Инстаграм го објави своето последно дело. За разлика од претходните, кои секогаш ги црташе на јавни места, ова, согласно карантинските мерки кои се на сила во голем број земји ширум светот, го направи во својот дом.

Пандемијата на корона вирусот ги погоди сите, па и Банкси, кој ги искористи ѕидовите на својот стан да го наслика својот последен „мурал“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Banksy (@banksy) on

„Жена ми не сака кога работам дома“, наведе во постот Банкси, заедно со фотографија од графитите во купатилото.