Home Актуелно Азијатите по кои скопскиот простак викаше „коронаши“ биле Корејци од Обединети Нации

Азијатите по кои скопскиот простак викаше „коронаши“ биле Корејци од Обединети Нации

Странците од видеото кое вчера беше објавено на социјалните мрежи и ја изреволтира македонската јавност, а на кое се слуша како еден скопјанец ги навредува странски гости во нашата земја мислејќи дека се Кинези, па им дофрла погрдни муабети и ги поврзува со коронавирусот, велејќи им да си одат до земјава, испадна дека не само што не биле Кинези, туку Корејци, но биле и официјални претставници од невладина организација во рамки на Обединетите нации дојдени во посета на Македонија.

Тие вчера биле во Свети Николе, како дел од невладината организација при ОН Heavenly Culture World Peace Restoration of Light. Да биде иронијата поголема, тие држеле работилница со деца од основно училиште во Св. Николе на тема мир, толеранција и меѓусебно почитување, во паралелки од прво и второ одделение.

Директорката на светиниколското основно училиште Кирил и Методиј, Саша Мицевска, за „Слободен печат“ вели дека посетителите биле прекрасни предавачи, многу организирани, со флаери, постери и наставни листови, а на дечињата им поделиле и подароци.

„Заедно учевме за богатствата кои се кријат во другарувањето, меѓусебното разбирање и соработка, хуманоста и дарежливоста. Дојдоа во соработка со општина Св. Николе и се договоривме за понатамошна соработка. Децата уживаа“, ни изјави Мицевска.

Синоќа, на интернет се појави видео снимено од мобилен телефон на скопјанец, каде тој со ксенофобичен речник и непријателски тон, ги бркаше овие луѓе од центарот на Скопје, поврзувајќи ги со вирусот корона од Кина. На ова реагираа многу јавни личности, вклучително и градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, кој го осуди видеото и побара одговорност за сторителот. Шилегов ќе ги покани посетителите од ОН во својата канцеларија во знак на извинување за непријатниот чин на снимателот на видеото.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…