Ванеса Брајант, скршена од жал, испрати порака до јавноста преку Инстаграм


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Три дена по фаталната хеликоптерска трагедија во која ги загуби сопругот Коби Брајант и ќеркичката Џијана, Ванеса Брајант се обрати до јавноста преку нејзиниот личен Инстаграм профил.

Покрај пораката, објави семејна фотографија на која целото семејство е заедно – Коби, ќерките Наталија (17), трагично загинатата Џијана (13), Бјанка (3) и најмладата Капри, кое е родена во јуни минатата година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vanessa Bryant 🦋 (@vanessabryant) on

Сопругата на Брајант во емотивната порака на Инстаграм им за заблагодарила на милионите луѓе за поддршката и љубовта која ја искажале во овој ужасен момент во кој се наоѓа нејзиното семејство.

Венеса напишала дека семејството е скршено поради големата загуба и дека тие се очајни и поради смртта на другите лица во хеликоптерот.

Нејзиниот Инстаграм профил деновиве беше заклучен, а сега е отворен.