Македонската кошаркарска легенда Благоја Георгиевски-Буштур загина во сообраќајка


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во сообраќајка која вчера вечер се случила на скопските улици, во населба Кисела Вода, животот трагично го загуби една од најголемите кошаркарски легенди во македонската кошаркарска историја, славниот Благоја Георгиевски – Буштур.

Познатиот Буштур, според сè уште неофицијални информации, животот го загубил во сообраќајка во населбата Кисела Вода кај сервисот „Скендеровски“ кога по лизгавиот коловоз загубил контрола над својот автомобил по што удрил во бетонскa жардинера поставена на средина од булеварот. Георгиевски починал на самото место на несреќата.

Великанот на македонската кошарка Благоја Георгиевски – Буштур (роден на 15 октомври 1950 во Скопје) скоро целата своја кариера како кошаркар ја поминал во Работнички, во неговите најславни денови во југословенската Прва лига. Со Работнички во сезоната 1975/76, Буштур стигна до полуфиналето во Купот на победниците на куповите.

Македонската легенда на Европско првенство во 1971 година во Западна Германија, како член на Југословенската кошаркарска репрезентација го освои сребрениот медал. Георгиевски беше учесник на Летните олимписки игри во Монтреал во 1976 година каде исто така се закити со сребрен медал.

По крајот на кариерата како играч Георгиевски остана во кошарката и работи како тренер во неколку наши клубови. Подоцна понеколку сезони минати во Кипар како тренер стана и селектор на најдобрата репрезентација на Македонија. Буштур потоа ја завршува тренерската кариера и станува член на Управниот одбор на МКФ и на Собранието на Македонскиот олимписки комитет, претседател на олимпискиот совет при МОК, а беше и потпретседател на највисоката спортска институција во нашата земја.

По трагичниот настан спортска Македонија се збогува од својот великан.

„Почивај во мир, легендо наша oлимписка!“, Напиша генералниот секретар на МОК Поповски.

„Ни беше идол, инспирација и заштитник сите овие години. Никогаш нема да бидеш заборавен“, порача најдобриот македонски тренер за 2019 предводникот на Астана од Казахстан Емил Рајковиќ.

Еск пејачот на „Бело Дугме“ Ален Исламовиќ кој синоќа бил на вечера со легендарниот Буштур на Фејсбук објави фотка од вечерата со порака.

„Во сообраќајна несреќа загина легендарниот кошаркар Буштур. Синоќа се дружевме на вечера. Почивај во мир легендо!“

„Легендите никогаш не умираат, објави поранешниот македонски репрезентативец Срѓан Станковиќ под заедничката фотографија со Буштур.

Македонските клубови, и кошаркари со пораки на социјалните мрежи се простуваат од славниот Буштур.

„Не напушти најголемиот…. Не напушти најголемиот играл во историјата на работнички“, објави на Фејсбук КК Работнички.

„За жал, ова се тешки денови за кошарката. Почивај во мир, Буштур легендо“, стои на официјалниот профил на Фејсбук на КК Гостивар.

Буштур идолот на многу кошаркарски генерации во 1997 година стана член на клубот на великаните на македонскиот олимписки комитет .