Атлетико Мадрид на тронот од Лига Европа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанската константна фудбалска сензација Атлетико Мадрид го освои шампионскиот пехар во фудбалската Лига Европа, откако во финалето кое се играше во Лион го победи француски Олимпик Марсеј со убедливи 3:0.

Антоан Гризман кој постигна два од трите погодоци за „јорганџиите“ беше прогласен за играч на финалето. Првиот гол Гризман го постигна во 21-та, а вториот во 49-тата минута. Победата на мадридската екипа ја потврди Коке со погодокот во 89 минута.

За Атлетико ова е вкупно трет трофеј во ова натпреварување, по трофеите освоени во натпреварувачките сезони во 2009/2010 и  2011/2012 година.

Со овој триумф, Атлетико обезбеди и статус на носител во Лигата на шампионите следната сезона, како и меч во УЕФА Супер купот, кој ќе се игра 15 август во Талин, а во кој противник на Атлетико ќе биде победникот во Лигата на шампионите.

Финалето во елитното натпреварување каде за трофејот ќе се борат актуелниот шампион Реал Мардид и Ливерпул ќе се игра на 26 мај во Киев.