Home Актуелно Ароганција на Џафери: Не може некој да биде 4 години пратеник, па после да чепка по контејнери“

Ароганција на Џафери: Не може некој да биде 4 години пратеник, па после да чепка по контејнери“

Во дискусија со новинарите во врска со начелната иницијатива за носење закон за пратенички привилегии, претседателот на Собранието Талат Џафери изјави: „Не може некој да биде пратеник 4 години, а потоа да брка по контејнери“.

„Идеја за таков закон како идеја може да постои, може да ја даде кој било пратеник, но кај мене нема пристигнато текст или драфт-верзија на закон за пратеници. Можам да се произнесам откако ќе го видам“, изјави Џафери по завршувањето на брифингот.

Џафери додаде дека во голем број земји во светот со законско решение бил уреден статусот на пратениците по истекот на мандатот.

„И во тие држави има невработени, социјалци, бездомници, не само кај нас. Но сите проблеми се уредуваат со закон“, рече тој.

Load More Related Articles
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

КПХФВ: Уличниот стил во Копенхаген ја обликуваше и обои радоста

Вистина е дека, со целиот хип околу Париската недела на висока мода, Копенхаген можеби ост…