Животната приказна на Енди Мари: Како дете преживеал масакр во училиште!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Животната приказна на некогашниот прв тенисер на светот Енди Мари ја потресе светската јавност откако беше откриено дека како дете преживеал масакал кој се случил во Дунблан.

Мари како дете одел во училиште во родниот Дунблан, а бил присутен во 1996 година кога во училиштето се случил масакар. Имено, тогаш Томас Хамилтон уби 18 луѓе во уличницата во која бил и еден од најдобрите тенисери на светот, но за среќа Мари и неговиот брат преживеале.

Во масакрот биле убиени 17 ученици, а Мари и неговиот брат преживеале само благодарение на тоа што се скриле под училишното столче. Овие детали Мари вешто ги криеше бидејќи едноставно не сака да се присетува на тие трауми кои го обележиле неговото детство.

Масакрот се случил 13 март 1996 година кога Хамилтон наоружан влегол во училиштето. Испалил дури 109 куршуми, а уби 18 луѓе. Полицијата потоа утврдила дека бил наоружан со 743 куршуми и имал намера да го убие секој кој што ќе го сретне.

Прво пукал на децата кои имале физичко во дворот и имале само 5 и 6 години. На крајот сам си го одзел животот, а покрај убиените имало и уште 20 повредени луѓе.