Ангеловски ги поздрави и оние кои го омаловажуваа – еве што им порача


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација синоќа оствари голема победа против Германија (1:2) во квалификациите за СП.

После натпреварот селекторот Игор Ангеловски им се заблагодари на момците за големата победа и ја искористи можноста уште еднаш да испрати порака до оние кои го критикуваа и омаловажуваа.

„Ова е историја. Никогаш досега Македонија на успеала да победи една така трофејна селекција. Овие момци уште еднаш ја направија Македонија горда. Го победивме четирикратниот светски првак. Радувај се Македонијо, слави ги овие херои.“ – рече Ангеловски и додаде:

„Поздрав до сите што ме омаловажуваа, еве им шанса и тие сега да се радуваат. Прифаќам критики за мојата работа, бидејќи извршувам јавна работа, но не прифаќам омаловажувања и опструкции кои сега сите добро знаете дека се случуваа. Знаете на кого се однесува ова.“