Анчелоти вчера пред дуелот со Челзи му велел на Бензема дека нема да игра вечерта


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалскиот стратег и актуелен кормилар на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, откри како се мајтапел со Карим Бензема пред мечот со Челси, Французинот не можел да ја најде акредитацијата, па тренерот му рекол дека нема да игра против „сините”.

Реал Мадрид синоќа славеше со 1-3 на гостувањето кај Челси во четвртфиналето од Лигата на шампиони, играч на натпреварот беше Карим Бензема, напаѓачот постигна хет-трик.

Во разговор со Амазон Прајм, Карло Анчелоти откри како се мајтапел со Французинот пред почетокот на мечот.

„Кога излеговме од автобусот, му кажав дека нема да игра бидејќи ја немаше акредитацијата… За среќа ја најде подоцна“ – вели Карло Анчелоти со насмевка на лицето.

Ова не е прв пат Карло Анчелоти вака да тера мајтап со своите фудбалери. Кристијано Роналдо пред неколку години откри детали од стилот на Италијанецот.

„Ќе дојдеше и ќе ми речеше, „Кристијано ти утре одмараш“. Јас сакав да играм на секој натпревар, сите го знаеа тоа, па ќе почнев да се лутам и да прашувам зошто нема да играм. Тој постојано ми кажуваше една иста работа за на крај да ми рече, „Утре ќе одамраш до три, натпреварот се игра од четири“ и ќе почнеше да се смее“ – раскажува Роналдо.