Украина апелира до НАТО: „Дајте ни оружје, ние ќе ги жртвуваме нашите животи, а војната ќе остане во Украина“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Украина продолжува со апелите и притисокот кон Западот за воведување ембарго на руските нафта и гас, изјави министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба пред денешното обраќање до 30-те членки на НАТО, додека Европската Унија вети петти пакет санкции за Русија до утре.

„Ќе продолжиме да инсистираме на целосно ембарго на нафта и гас. Мислам дека договорот што го нуди Украина е фер: дајте ни оружје, ние ќе ги жртвуваме нашите животи, а војната ќе остане во рамките на Украина“, изјави Кулеба.

Тој особено ја повика Германија да забрза со испораките на оружје во Украина, барајќи авиони, противвоздушни и антибродски системи, проектили и оклопни возила.

„Има три точки во мојата агенда кога ќе разговарам со сојузниците; оружје, оружје и оружје. Не правиме разлика помеѓу дефанзивно и офанзивно оружје, секое оружје може да се искористи за одбрана на Украина“, дециден е Кулеба.

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Хосеп Борел, вчера призна дека од почетокот на инвазијата, Брисел ѝ платил 35 милијарди евра на Русија за енергенсите, а на Украина ѝ дал воена помош од само една милијарда евра. Руската компанија „Газпром“ потврди дека ќе продолжи со испораките на природниот гас во Европа, согласно барањата на муштериите.