Албански бизнисмен убиен додека се поздравувал на улица – убиството фатено на камера (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Албанските медиуми објавија снимка на која е фатен моментот на убиството на бизнисменот Кастриот Речи во градот Решен, кој ладнокрвно беше убиен среде бел ден, на улица, од страна на снајперист преоблечен како жена.

Речи бил убиен околу 11 часот претпладне во центарот на градот , во близина на полициска станица. На снимката се гледа како тој во моментот на убиството се поздравувал со некоја жена, а потоа го бакнува и нејзиното дете, за во истиот момент да биде погоден со истрел од снајпер.

Подоцна истрагата утврдила дека во него било пукано од седмиот кат на зградата, а убиецот пет часа чекал погоден момент.

Снајперистот бил преоблечен како жена, а по нападот се симнал од зградата , го соблекол фустанот и периката и со црна капа се оддалечил од местото.

Полицијата се сомнева дека станува збор за одмазда на албанското подземје, зашто Речи бил осомничен за две убиства поврзани со трговија со дрога.