Украинските власти бараат меѓународна истрага за срушениот авион кај Техеран


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Министерот за надворешни работи на Украина, Вадим Прстајко, изјави дека официјален Киев бара да се спроведе меѓународна истрага за авионската трагедија која се случи на 8 јануари, во која се урна украински патнички авион во кој загинаа сите 176 луѓе кои беа во него.

Тој рече дека неговата земја не нашла докази во овој момент во деловите од украинскиот патнички авион што се урна во близина на Техеран, пренесува Радио Слободна Европа.

До изјавата на украинскиот министер доаѓа откако Техеран им дозволи пристап на украински истражители до деловите од авионот и покани стручни лица од производителот Боинг и од Соединетите Американски Држави да помогнат во истрагата за несреќата

Тој на прес-конференцијата додаде дека Украина „нема причина да каже дека иранските власти не сакаат да работат со Украина“ во истрагата за причината за падот на авионот.

Престајко изјави дека украинските власти добиле пристап до црните кутии што би овозможиле податоци од летот на Боинг 737-800.

Американски, канадски и британски официјални лица изјавија дека е голема веројатноста авионот да бил соборен, евентуално по грешка, од иранска ракета.

Иранските власти ги повикаа западните влади да споделат какви било разузнавачки информации што сугерираат дека го сториле тоа.

Доколку се испостави дека авионот е соборен од ракета, Прстајко, рече дека Украина ќе бара казнување на одговорните и обештетување од Иран.