Home Актуелно АКЦИЈА: Уапсени Јанакиески, нотари и службеници, правобранител и бизнисмен

АКЦИЈА: Уапсени Јанакиески, нотари и службеници, правобранител и бизнисмен

Утрово во акција на оддделот за организиран криминал при МВР и Обвинителството за организиран криминал се приведени десетина лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески.

Станува збор за истрага за оттуѓување, односно продажба на државно земјиште, по несоодветна постапка, со што буџетот е оштетен за над 2,5 милиони евра. Акцијата е резултат на неколку месечна сеопфатна предистражна постапка.

Меѓу уапсените, покрај државните службеници од транспорт, вработени во катастар и нотари, има и еден сопственик на фирма, како и државен правобранител со надлежност за град Скопје. Откриените нелегалности се однесуваат на три парцели за хотелски комплекс покрај Вардар од другата страна на градскиот парк во Скопје. Проневера е извршена и со парцелата на која требаше да се градат шпанските скали во центарот на Скопје. Еден осомничен досега не е најден и прииведен, а останатите во моментов се во суд.

Повеќе детали од акцијата МВР најавува во текот на денот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…