Актерот Тони Михајловски во трка за градоначалник на Куманово како кандидат од ВМРО-ДПМНЕ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги објави имињата на кандидатите на опозициската партија за Ѓорче Петров, Бутел, Македонски Брод, Берово, Пробиштип, но и натаму нема за Скопје.

ВМРО-ДПМНЕ објави уште 19 кандидати за градоначалници, или досега вкупно 44, заедно со 25-темина кои ги објави пред неколку дена.

Тони Михајловски за Куманово,

Александар Стојковски за Ѓорче Петров

Дарко Костовски за Бутел

Жарко Ристески за Македонски Брод

Дејан Владев за Свети Николе

Димчо Атанасовски за Македонска Каменица

Елеонора Рашковска за Берово

Зоран Здравески за Чашка,

Маријан Миленковски за Пробиштип,

Миле Петков за Виница и

Александар Китански за Пехчево.

Од опозициската партија претходно објавија кандидати за градоначалници за 25 општини, меѓу кои и за уште една скопска општина Центар, Наташа Котлар, професор во Институтот за национална историја.

Кои се кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалници на околу 25 општини

Ниту на оваа ниту на претходната листа го нема името на кандидатот или кандидаткат која ќе му се спротивстави на актуелниот градоначалник кој повторно ќе биде кандидат на владејачката атија.

Се споменува името на претседателката на ССК, Данела Арсовска, но никој засега не потврдува тоа.

СДСМ досега објави имиња на 35 кандидати за градоначалници, а деновиве и јавен повик за самокандидирање за советничките листи.

На листите за советници на СДСМ ќе се влегува и со самокандидирање

Во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК), заклучно до вчера, собрани се потписите за четири независни советнички листи за локалните избори што ќе се одржат на 17 октомври. Тоа се листата на кандидати за советници за Општина Центар, со носителот Јана Белчева-Андреевска, советничката листа за Општина Кавадарци со Петар Камчевски, советничката листа за Општина Росоман со Ристо Сакалиев и советничката листа за Општина Кочани со носителот Аки Акиев.

ДИК информира дека собирањето потписи продолжува за Ана Петровска, кандидат за градоначалник на Град Скопје, за Васко Костов, кандидат за градоначалник на Општина Карпош, Зоран Лазаровски-Паљо, кандидат за градоначалник на Општина Битола, Дејан Велиновски, кандидат за градоначалник на Општина Македонска Каменица, Сенат Усеиноски, кандидат за градоначалник на Општина Охрид, Слободан Даневски, кандидат за градоначалник на Општина Свети Николе…