Како остана жив бе, друже?!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Колку среќа треба да имаш за да ти се случи ваква несреќа и да останеш жив најдобро знае Индиецот Хардип Синг кој на чудесен начин преживеа сообраќајна несреќа во која железна греда широка 10 сантиметри и долга 1,8 метри му минала низ градниот кош.

Железната шипка му ги пробила белите дробови, му скршила неколку ребра и лопатката, минала само 5 милиметри од срцето , по што Индиецот преживеал и целосно се опоравил.

Според идниските медиуми 42 годишниот Синг го возел своето камионче во градот Батинда кога му пукнале двете гуми на возилото. Камиончето се првртило неколку пати ја пробило заштитната ограда и завршило во дупката крај патот. Една од шипките од оградата минала низ градниот кош на несреќниот Синг.

Сообраќајката ја забележал друг возач кој веднаш застанал да помогне. Била повикана и брза помош. Според очевидци на настанот, повредениот човек извикувал „ Vaheguru, Vaheguru“, што на јазикот Сика знаги Бог.

-Беше многу исплашен и цело време го повикуваше Господ. Огромна шипка му беше забиена во градите, но тој успеа дури да застане на нозе, раскажал еден од очевидците на настанот.

Со возилото на брзата помош повредениот Синг бил пренесен во болница, каде докторите останале во чудо кога ја видела металната шипка во неговите гради. Се прашувале како човекот се уште е жив.

-Кога дојде во болницата извикуваше „Vaheguru, Vaheguru”. Рече дека Господ Бог нема да дозволи да му се случи нешто, поради тоа што никогаш во живото не повредил некого, раскажале лекарите.

Поради металната шипка не можело да му се направи ренгенска снимка , така да лекарите биле принудени Синг веднаш да го однесат во операциона сала., без да знаат какви повреди има.

Операцијата на повредениот Синг траела цели 4,5 часа по што тој бил пренесен во соба и вклучен на респиратор поради повредата на белите дробови.

-Кога видовме дека огромната шипка за само пет милиметри му го промашила срцето , останавме во шок. Само малку да го допрела срцето тој би бил мртов, изјавил докторот кој го оперирал Синг.

Докторот потоа истакнал дека пациентот е стабилен и се чувствува добро.

-Ќе биде потребен одреден период да зараснат раните на неговите гради за да може потоа самостојно да диши. Потоа ќе биде пуштен од болница. Тој сигурно е најсреќниот човек во Индија. Просто е неверојатно како останал жив по ваква повреда, заклучил докторот.