Home Спорт Ако не играат, барем да гледаат: Клоп ги однесе фудбалерите на „Камп Ноу“

Ако не играат, барем да гледаат: Клоп ги однесе фудбалерите на „Камп Ноу“

Ливерпул оваа сезона не учествува во европските купови, па фудбалерите и стручниот штаб имаат повеќе време да се подготват за своите натпревари во домашното првенство.

Тоа на одличен начин го искористи германскиот тренер, Јирген Клоп кој го однесе целиот тим на дводневна посета во Барселона за сплотување на тимскиот дух или своеврстен тим-билдинг.

„Црвените“ исто така го искористија ова патување за од трибините на Камп Ноу да го проследат натпреварот помеѓу Барселона и Борусија Менхенгладбах во Лигата на Шампионите.

07-12klop2

Целиот тим денес се враќа во Англија и ќе почне со сериозните подготовки за дуелот со Вест Хем во недела.

BARÇA - BORUSSIA MÖNCHENGLADBACH
BARÇA – BORUSSIA MÖNCHENGLADBACH
Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…