Музика

„Визија“ ќе го промовира својот прв албум „Гласно!“

После бројните настапи на домашни и регионални музички фестивали во изминативе неколку години, скопскиот рок бенд Визија, овој четврток, 8 декември, во 20:00 часот, во „клуб ресторан МКЦ“, конечно ќе го промовира својот прв студиски албум насловен „Гласно!“, а воедно, ова ќе биде и прослава на нивниот јубилеен 5. роденден.

Албумот е сниман во Скопје и Нови Сад, а резултатот од сето тоа публиката ќе има можност да го слушне во четврток, каде што во живо ќе биде изведен и дел од материјалот. Влезот е бесплатен, а посетителите ќе можат да го купат албумот по промотивна цена.

Бендот Визија е формиран во ноември 2011 година од страна на Марко Џамбазоски (соло гитара и придружни вокали), Марко Гапо (вокал и ритам гитара), Лилјана Јанкова (бас гитара, придружни вокали) и Синиша Ѓорѓевиќ (тапани).
Од своето основање до сега, групата настапила на дел од најголемите балкански фестивали како што се „Заечарската гитаријада“ (Србија), „Јелен демофест“ (БиХ), „Миксер“ (Србија), „Лејк фест“ (Црна Гора), „Рок ен поп д бордерс“ (Бугарија), „Таксират, Т’к – Так, Пиволенд (Македонија) итн, а покрај овие настапи, бендот добива одлични критики од американската радио станица „WMBR” и британскиот музички веб сајт „Emerging Indie Вands” кој на нивната листа на најдобри 90 нови бендови од светот за 2014 година, ја поставува Визија на високото седмо место.

Advertisements
To Top