Вебкафе

Африканска сапуница: Тврдеше дека родила 10 бебиња за Гинисов рекорд, па сега „ја снема“ заедно со бебињата

Откако минатата недела се појави веста дека една Африканка родила десет бебиња, нејзиното најтесно семејство соопшти дека не ги виделе децата и дека воопшто нема докази дека бебињата постојат.

Семејството на Тебог Цотеци, наводниот татко, рече дека тој исто така потврдил дека не ги видел бебињата и дека за веста знаел само преку неговата девојка, која му се јавила за да го извести за наводното раѓање на седум момчиња и три девојчиња. Сепак, 37-годишната Госијаме Ситоле оттогаш исчезнала.

Наводно, Цотеси неколку пати се обидел да ја посети Ситоле и бебињата во болницата, но таа не му открила каде се наоѓа и не го информирала за состојбата на бебињата. Затоа сега е под знак прашалник дали ги има воопшто оние десет бебиња за кои се веруваше дека влегуваат во Гинисовата книга на рекорди.

„Семејството заклучи дека нема десет деца родени во врската помеѓу Тебог Цотеци и Госијаме Ситола, сè додека не се докаже спротивното“, се заклучува во соопштението, пренесуваат африканските медиуми.

To Top