Лошо!

Снимката подолу е направена во градот Мумбаи, во областа Гаткопар, Индија. Иако е една од помалите, оваа дупка која се отвори „каде што не треба“ беше доволна да проголта автомобил за само неколку секунди.

Поради вклученото светло на сопирачката, постои сомнеж дека автомобилот не бил празен. Искрено се надеваме дека тоа не е точно.

Според локалните медиуми, ова е област каде што имало бунар. Бил ископан пред повеќе од 100 години и длабок околу 10 метри, а неодамна бил затрупан. Во сезоната на монсуните во Индија се забележани рекордни количини на врнежи, што било причина за отворање на ваквата дупка.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Долче фар ниенте: Како „ништо не правење“ може да биде најпродуктивната работа

Заборавете ја вината и препуштете се на чиста лењост — каде и да ве затекне летово, еве ка…