Home Актуелно Петочна и викенд временска прогноза

Петочна и викенд временска прогноза

Денеска, претпладне, во Македонија времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со изолирана појава на град.

Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер со дневна температура до 27 Целзиусови степени. Маврово 17, Охрид и Битола 22, Крива Паланка 23, Берово 20, Кавадарци 26, Дојран 27.

Утре претпладне ќе имаме умерена облачност, а од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има и невреме со услови за изолирана појава на град.

Во Скопје претпладне умерено облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневните температури ќе се движат од 17 до 27 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…