Португалија привремено ја прекина наплатата на ДДВ за храна – цените на производите веднаш паднаа

epa10162506 Portuguese Prime-Minister Antonio Costa talks during a press briefing announcing the new measures to support household income against inflation at the Ajuda palace in Lisbon, Portugal, 05 September 2022. EPA-EFE/ANTONIO PEDRO SANTOS

Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мерката за привремен прекин на наплатата на данокот на додадена вредност на основните прехранбени производи резултирал со пониски цени благодарение на трговците кои мерката не ја искористиле за зголемување на профитните маржи, кажа португалскиот премиер Антонио Коста.

Во април владата на шест месеци ја прекина наплатата на ДДВ на 46 основни прехранбени производи за да го ублажи товарот на рекордно високите цени врз семејствата. На листата се млекото, лебот, оризот, пиперките и група месни и рибји производи. Пред потегот на владата стапката на ДДВ изнесувала шест отсто.

Посебни анализи на агенцијата за храна и економска сигурност АСАЕ и најголемото португалско здружение за заштита на потрошувачите ДЕКО протесте, спроведени од средината на април до средината на мај, покажале под на цените на тие производи за 7,6 односно 7,9 отсто, кажа португалскиот премиер.

„Во земјата во која платите и пензиите се ниски, високата инфлација неизбежно тешко ги погоди примањата на луѓето, но мерката на спуштање на ДДВ на нула резултираше со пад на цените (на основните производи)“, кажа Коста во парламентот.

Мерката, според него, е договорена со произведувачите и трговците „за да се обезбеди намалувањето на ДДВ да влијае на пад на цените на основните производи и токму тоа се случува“. Инфлацијата во Португалија во април успорила на 5,7 отсто, од 7,4 отсто во март.

Според прогнозите на владата, инфлацијата годинава би требало да се спушти на 5,1 отсто, од 7,8 отсто во 2022. Европската комисија прогнозира дека ќе достигне 5,6 отсто.