Што беше тоа со кое го наметнаа Меси?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вчера Аргентина ја победи Франција во финалето и ја освои толку посакуваната светска титула, а при доделувањето на пехарот вниманието на јавноста го привлече црната наметка која емирот на Катар, Тамим ибн Хамад Ал Тани му ја подари на Меси.

По реакцијата можеше да се види дека Меси прво не сфати како се носи, па потоа му беше покажано и со неа го крена трофејот.

Станува збор за наметка која го носи името бишт и се носи преку таканаречната гандура, традиционална зимска облека во Катар.

Бојата на оваа наметка може да биде црна или кафена. Некогаш е извезена и со златна боја што означува дека лицето што ја носи е од благородничко семејство.

Вообичаено се изработува од влакна од камила, а мажите ја носат во посебни прилики: Свечени приеми, прослави, церемонии, свадбени веселби…

Биштот кој го носеше Меси беше беше ист со оној на емирот од Катар и тоа за оваа држава има голема важност.

Затоа што ова беше најважниот момент во историјата на Меси и сите кои некогаш ќе ги гледаат овие фотографии ќе се потсетуваат и на државата Катар.