„Роналдо беше најголемото разочарување на ова Светско првенство – ми е жал за него“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Светското првенство во Катар заврши со вчерашниот спектакуларен финален дуел меѓу Аргентина и Франција, а германската фудбалска легенда Лотар Матеус го нарече Кристиано Роналдо најголемо разочарување на овој Мундијал.

Матеус порача дека Роналдо со своето его не само што си наштетил на себе туку и наштетил и на селекцијата на Португалија. Лионел Меси на другата страна е целосна спротивност од Португалецот.

„Кристиано Роналдо е најголемото разочарување на ова Светското првенство. Се спротивно од него беше Лионел Меси. Со своето его Роналдо се повреди себе си и својата репрезентација. Беше одличен фудбалер, но сега уништува се што создаде.

Искрено не би можел да го замислам во друг клуб, можам да кажам дека дури и ми е жал за него“, пишува Матеус во својата колумна за германски „Билд“.

Роналдо ќе потсетиме со Португалија го заврши настапот со поразот од Мароко во четвртфиналето, а Португалецот последните натпревари ги започнуваше од клупата за резерви.