Home Вебкафе Кралицата Елизабета II до вечното почивалиште беше пренесена со Јагуар чиј дизајн сама го одбрала

Кралицата Елизабета II до вечното почивалиште беше пренесена со Јагуар чиј дизајн сама го одбрала

Ковчегот со телото на кралицата Елизабета II за време на вчерашната погребна церемонија беше пренесен во замокот Виндзор – како што налага традицијата – со специјално возило од британско производство.

Оваа државна погребна кола е базирана на седанот „Jaguar XJ“ од 2010 година и наводно е дизајнирана од „Royal Household“ и „Jaguar Land Rover“. Според „Bazaar“, кралицата била консултирана за плановите и го одобрила конечниот дизајн на автомобилот пред нејзината смрт.

Возилото беше модифицирано и приспособено од „Wilcox Limousines“, со седиште во Виган. Погребната кола беше употребена за прв пат на 13 септември кога го носеше ковчегот на кралицата од РАФ Нортолт до Бакингемската палата.

Големите прозорци им овозможуваат на ожалостените да имаат јасен поглед на ковчегот на кралицата додека патува од Вестминстерската опатија до Виндзор.

Некои од промените на возилото вклучуваат потенки столбови на покривот во споредба со стандардните модели и подигнат покрив.

Државната погребна кола е обоена во „Royal Claret“, иста боја како и другите официјални кралски и државни возила.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…