Home Спорт Ѓоковиќ: „Задоволен сум и благодарен за судската одлука, сакам да останам и да се натпреварувам“

Ѓоковиќ: „Задоволен сум и благодарен за судската одлука, сакам да останам и да се натпреварувам“

После судската одлука за поништување на укинувањето на визата, Новак Ѓоковиќ официјално се огласи на социјалните мрежи.

Ѓоковиќ им се заблагодари на сите за поддршката и рече дека сака да остане и да се натпреварува на овогодинешниот „Австралија опен“, кој започнува на 17 јануари.

„Задоволен сум и благодарен што судијата ја преиначи одлуката за укинување на визата. И покрај се што се случи, сакам да останам и да се обидам да се натпреварувам на ‘Австралија Опен’. Останувам фокусиран на тоа. Летав овде за да играм на еден од најважните настани што ги имаме пред неверојатни навивачи“, напиша Ѓоковиќ на Твитер, заедно со фотографија од теренот на „Род Лејвер“ Арената во Мелбурн.

„Засега не можам да кажам повеќе, но ви благодарам на сите што бевте со мене низ сето ова и ме охрабрувавте да останам силен“, напиша Ѓоковиќ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…