Home Актуелно Професорот Тупанчевски ќе биде нов министер за правда – еве кои нови имиња влегуваат во Владата од Ковачевски

Професорот Тупанчевски ќе биде нов министер за правда – еве кои нови имиња влегуваат во Владата од Ковачевски

Универзитетскиот професор на Правниот факултет, Никола Тупанчески, најверојатно ќе биде нов Министерството за правда, додека, пак, пратеничката Славјанка Петровска ќе седне на министерската фотелја во Министерството за одбрана на којашто досега седеше Радмила Шекеринска, пренесе ТВ24, повикувајќи се на високи партиски извори.

Според телевизијата, нова вицепремиерка за борба со корупцијата ќе биде поранешната пратеничка Славица Грковска, а Бисера Костадиновска-Стојчевска ќе биде нова министерка за култура.

Оливер Спасовски останува во МВР, Благој Бочварски во Транспорт и врски, Горан Милевски во Локална самоуправа, Фатмир Битиќи – вицепремиер за економски прашања, Бојан Маричиќ во евроинтеграции, Љупчо Николовски се враќа во Министерството за земјоделие. Јована Тренчевска се предлага за ресорот труд и социјала на местото на Јагода Шахпаска.

Овој состав треба вечерва да добие зелено светло и од Извршниот и од Централниот одбор во СДСМ. Планот е утре составот заедно со програмата да влезе во Собрание.

Новата влада би требало да се гласа следниов викенд.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…