Home Шоубизнис Ќерката од бившиот казахстански претседател изнесла од земјата 300 милиони долари – си купила вила, банка, авион

Ќерката од бившиот казахстански претседател изнесла од земјата 300 милиони долари – си купила вила, банка, авион

Алија Назрбаева, најмладата ќерка на бившиот претседател на Казахстан, Алија Назарбаева, Нурсултан Назарбаев, кој со децении владееше во земјата, своевремено од земјата изнела 300 милиони долари и направила јако и расипничко трошење во Лондон.

Миленичката на некогаш моќниот казахстански претседател купила авион вреден 25 милиони долари, куќа од 8.75 милиони фунти во Лондон, па дури и приватна банка.

Назарбаева им дала упатства на двајца професионални финансиски советници да купат раскошни куќи, банка и луксузен авион, откако ги префрлиле парите во сложена мрежа на оф-шор компании што се протега од Лихтенштајн до британските Девствени Острови, пренесува британски Телеграф.

Освен милионските купувања во В.Британија, Алија Назарбаева му наредила на својот тим да купи и имот во Дубаи во вредност од 14 милиони долари, вклучувајќи и вила на елитниот остров Палм Џумеирах.

Деталите од овој милионски шопинг од 2006 година, прв пат се откриени вчера и најверојатно ќе предизвикаат дополнителни потреси во Казахстан, погоден од насилните протести насочени кон тамошната елита која со децении владее со земјата.

Нурсултан Назарбаев беше претседател на Казахстан 28 години, се до 2019 година кога се повлече во сенка, но задржа голем дел од својата моќ. Во драматични околности на 5 јануари, Назарбаев беше сменет од челната позиција во казахстанскиот Совет на безбедност и наводно се подготвувал да ја напушти земјата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …