Home Живот и здравје Американската агенција за храна и лекови го одобри лекот за Ковид-19 на АстраЗенека

Американската агенција за храна и лекови го одобри лекот за Ковид-19 на АстраЗенека

Американската агенција за храна и лекови (ФДА) го одобри лекот „Евушелд” на Астра Зенека против Ковид-19.

Тоа е коктел од антитела што ја спречува инфекцијата на лицата со ослабен имунитет и оние кои имале силни несакани ефекти од вакцинацијата.

Лекот е одобрен само за возрасни и адолесценти кои досега не биле заразени, ниту пак биле во контакт со заразени лица. Вакцината на Астра Зенека сè уште не е одобрена во САД.

Како што пренесува Гласот на Америка, истражувањата покажале дека лекот „Евушелд” ја спречува инфекцијата со Ковид и манифестирањето на симптомите во 77 отсто од случаите.

Предвидено е лекот да се дава во две инјекции, а заштитата трае од седум месеци до една година.

– Иако вакцините се најефикасна заштита од Ковид-19, на луѓето со ослабен имунитет и на оние кои лошо реагирале на вакцините им треба алтернатива, рече една од директорките на ФДА, Патриша Кавазони.

Сепак, ФДА додаде дека лекот на АстраЗенекa не е замена за вакцинирање на луѓе за кои е препорачана вакцината.

Коктел со антитела може да спречи, во раните фази, развој на тешка клиничка слика на Ковид.

Слични лекови веќе произведуваат Ели Лили, Реџенерон и Глаксо Смит Клајн.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Работи за кои не сте ни свесни сè додека не добиете бебе

Работи за кои не си свесен додека не добиеш бебе Без оглед на сите подготовки, секогаш пос…