Home Наука и техонологија Првиот телефон со „Snapdragon 8 Gen 1“ – најновиот и најдобар чип на Qualcomm

Првиот телефон со „Snapdragon 8 Gen 1“ – најновиот и најдобар чип на Qualcomm

„Qualcomm“ на 1 декемри го претстави најновиот „Snapdragon 8 Gen 1“ чипсет а сега е претставен и првиот телефон во кој е имплементиран споменатиот чип.

Станува збор за „Motorola Edge X30“, кој доаѓа во станардна варијанта и „X30 Special Edition“ верзија.

„Motorola Edge X30“ користи 6,7 инчен „OLED“ дисплеј со „FHD+“ резолуција и 144Hz стапка на освежување. Стандардниот модел има мал отвор за 60 мегапиксели селфи камера, додека „Special Edition“ го користи истиот модул но тој е сместен под дисплејот.

Според тестирањата објавени од „Motorola“, „X30“ би требало да понуди за околу 20% подобри „CPU“ перформанси, за 30% бодобри „GPU“ перформанси и за 400 процети подобар „AI“ во однос на „Snapdragon 888+“ чипот.

Ова се совпаѓа со статистиката спомената од „Qualcomm“, за време на официјалното претставување на „Snapdragon 8 Gen 1“ чипсетот.

На задниот дел „Edge X30“ има 50 мегапиксели главна камера, со „OmniVision“ сензор, а тука е и втората ултраширока камера од 50 мегапиксели и модул од 2 мегапиксели. Изворно е поддржана опција за снимање 8К видео.

Телефонот се напојува со батерија од „5000mAh“, со поддршка за 68W брзо полнење, додека за софтверска поддршка е задолжен оперативниот систем „Android 12“

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…