Home Шоубизнис Актерот Кевин Спејси треба да плати 31 милион долари оштета на продукциската куќа која стои зад „House of Cards“

Актерот Кевин Спејси треба да плати 31 милион долари оштета на продукциската куќа која стои зад „House of Cards“

62-годишниот холивудски актер Кевин Спејси, ќе мора да плати отштета од речиси 31 милион долари на продукциската куќа MRC која стои зад „House of Cards“. Тој глумел во оваа серија, додека не беше отпуштен поради обвинение за сексуално вознемирување.

MRC, продуцентската куќа која ја реализира популарната приказна за политичките интриги емитувана на Нетфликс, побарале компензација за изгубениот приход, кој го припишуваат на ненадејното заминување на Спејси од серијата, откако против него се појавија обвиненија за сексуално вознемирување и злоупотреба.

Одлуката судијата ја донел на 19 октомври, кога MRC поднеле барање за потврдување на пресудата пред судот во Лос Анџелес. Во документот на MRC се вели дека, откако обвиненијата излегле на виделина, Спејси бил суспендиран, па била покрената внатрешна истрага, која покажала дека ѕвездата на филмот „Вител на животот“ ги прекршила одредбите од договорот за актерска и извршна продукција кои поставуваат стандарди за однесување на работното место..

Бранот обвинувања што ја прекина кариерата на познатиот 62-годишен актер се совпадна со популарноста на движењето #MeToo против сексуалното вознемирување и злоупотреба, поттикнато од случајот на семоќниот холивудски продуцент Харви Вајнстин. Двократниот оскаровец Спејси го играше бескрупулозниот американски политичар Френк Андервуд во пет сезони на „House of Cards“ додека медиумите не ги изнесоа на виделина обвинувањата за сексуално вознемирување на колегите од работа.

– MRC немаше никакви сознанија за ваквото однесување на Спејси – се наведува во соопштението на успешната продукциска куќа, која, како што наведува, морала да го реорганизира бизнисот поради ненадејното заминување на актерот од серијата, што резултирало со „ значителни загуби“.

Тие објасниле дека сценариото морало повторно да се напише без улогата на главниот лик на серијата, Андервуд, па морало да се прилагоди шестата сезона, која наместо 13 завршила со осум епизоди. Продуцентската куќа ја започнала правната битка против Спејси во 2019 година. Адвокатите на актерот не одговориле на барањето на AFP за коментар.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …