Home Вебкафе Интимни моменти на словенечки волци

Интимни моменти на словенечки волци

Во словенечката шума Кочевско камерите снимија ретка глетка, глутница волци и нивната меѓусебна интеракција.

„Ова видео покажува некои интимни моменти на глутницата волци како меѓусебно чистење и дружење. Иако понекогаш ни звучат агресивно на видеото, тоа е само начинот на кој тие комуницираат“, се вели во описот на видеото.

Глутницата волци е снимена од фото-стапица поставена за потребите на проектот „LIFE Lynx“, кој го следи рисот во Хрватска, Словенија и Италија.

Инаку, во рамките на истиот проект во мај годинава, во паркот на природата Велебит беше пуштен рисот Емил.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Трејлерот за третата сезона на „Еуфорија“ конечно е објавен – еве што сè се знае досега

Росалија ќе се појави во гостувачка улога, а култната ХБО драма се враќа поцрна, позрела и…