Home Спорт Македонскиот фудбалер Стоилов на еден натпревар постигна 13 гола – и тоа не е неговиот личен голгетерски рекорд

Македонскиот фудбалер Стоилов на еден натпревар постигна 13 гола – и тоа не е неговиот личен голгетерски рекорд

Александар Стоилов, 21-годишниот фудбалер кој настапува во Германија за тимот на Македонија Штутгарт дојде до реномираниот „Кикер“.

Стоилов настапува за тимот на Македонија Штутгарт и на последниот натпревар постигна дури 13 гола во победата на неговиот тим од 17:0 против Шлуслихт Германија Дегеррлохт. Тој можел да постигне и повеќе гола затоа што 10 постигнал за едно полувреме.

„Тренерот Живко Колев сакаше да ме замени уште на полувреме. Ми зборуваше – доста ти се 10 гола. Сепак, јас сакав да продолжам, во второто полувреме ме чуваа двајца-тројца противнички играчи и ме спречија да постигнам повеќе голови“. Изјави Стоилов.

Интересно е што ова не е негов рекорд затоа што против Туркспор кога победиле 21:6 постигнал 15 гола. Неговата цел е да стигне до 100 гола во една сезона.

Тимот Македонија Штутгарт е составен од играчи со македонски корени, а заедно со Стоилов настапуваат негови тројца братучеди, додека вујко му е помошник.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…