Home Шоубизнис Детали за несреќата во која Болдвин на филмски сет застрела две лица од кои едно почина – му рекле дека пиштолот е безбеден

Детали за несреќата во која Болдвин на филмски сет застрела две лица од кои едно почина – му рекле дека пиштолот е безбеден

Според записите од полициската истрага за несреќата која се случи за време на снимањето на филмски сет за филмот Rust, во која актерот Алек Болдвин го рани режисерот а ја уби директорката на фотографија стрелајќи од пиштол-реквизит за филмот, помошник-режисер му го подал пиштолот на актерот Алек Болдвин и му рекол дека е безбеден.

Името на помошник-режисерот засега е непознато во јавноста, но во записите пишува дека тој не знаел оти пиштолот содржи боева муниција. Во фаталниот инцидент за време на сетот, Болдвин ја застрела директорката на фотографија, Халина Хачинс, која им подлегна на повредите, а ранет беше и режисерот Џоел Соуза.

Засега нема осомничени или обвинети за настанот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …